Под мотото „Со музика патуваме, светот го истражуваме, пораки убави праќаме и секогаш дома се враќаме“ дечињата од големите групи од сите четири клона на детската градинка „Павлина Велјанова“ ја реализираа завршната приредба. Од наесен преминуваат во училишните клупи и ќе го почнат основното образование.
На завршниот настан дечињата со песна и игра на свој начин се поздарвија со еден од најубавите периоди во животот. На сцената во Центарот за култура „Бели мугри“ настапија над 180 дечиња, а голема поддршка во публикатa беа нивните најблиски.

-Во градинката децата растеа, заедно ги направивме првите чекори, заедно научивме да зборуваме, да броиме, да пееме и да се смееме. Од срце ви благодрам вам почитувани родители бидејќи вашата поддршка и соработка се неизбежен дел. На вработените во нашата градинка им изразувам голема благодарност за преданоста и неморната работа, истакна Јованка Ефтимова, директорка на детската градинка „Павлина Велјанова“.

Директорката Ефтимова на идните правачиња им посака успех во школувањето, а нагласи да бидат и упорни во образовниот процес, со цел да станат успешни граѓани на Македонија.


©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.