Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
нема резултати
View All Result
Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result

Завршниот настан од кампањата „Бидете херои на чесноста“ на Државната комисија за спречување на корупција се одржа во ОУ „Никола Карев“

автор: Т. Ајтовски
28 ноември, 2023 14:00
во Кочани
време на читање: 2 мин.
A A
Завршниот настан од кампањата „Бидете херои на чесноста“ на Државната комисија за спречување на корупција се одржа во ОУ „Никола Карев“

Во основното училишта „Никола Карев“ во Кочани денеска се одржа завршниот настан од едукативната кампања „Бидете херои на чесноста“, што во изминатите десетина месеци ја организираше Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК).

Кампањата „Бидете херои на чесноста“ е дел од проектот „Активност за антикорупција и интегритет“ што го спроведува Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС) во Скопје, со финансиска поддршка од УСАИД.

Во обраќањето пред најмладите беше истакнато дека е важно тие да разберат што е корупција и кои се нејзините последици за општеството, а како идни лидери и граѓани на времето што доаѓа да осознаат дека имаат важна улога во борбата против неа.

-Децата треба да развијат вештини како што се критичкото размислување, емпатијата и способноста да препознаваат незаконски или неетички постапки, за во иднина да можат да застанат зад своите права и правата на другите. Затоа, важно е да се поттикне отворена дискусија за случаите на корупција во општеството и да се нагласи важноста од пријавување на неправилности. Ова вклучува охрабрување на децата да контактираат со нивните родители, наставници или властите во случаи на согледана корупција. Децата треба да бидат инспирирани да се вклучат во нивната заедница, да станат активни учесници во антикорупциските активности. Тие можат да учествуваат во кампањи за подигање на свеста, да организираат и поддржуваат иницијативи за промени и да покажат примери на чесно и одговорно однесување, истакна Билјана Ивановска, претседателка на ДКСК.

Нагласувајќи го значењето на кампањата, директорот на ООУ „Никола Карев” од Кочани, Александар Андов истакна дека децата треба да разберат оти корупцијата ги ограничува нивните права и му штети на развојот на нивните заедници.

-Образованието игра клучна улога во оваа борба. Со вклучување на учениците во дискусии, игри и активности за учење, можеме да им помогнеме да развијат критичко размислување и етички вредности. Децата уште од мали треба да ги научат принципите на чесност, праведност и одговорност, истакна Андов.

Од Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС) во Скопје потенцираа дека секој граѓанин има законска и морална обврска да се бори против корупцијата, што не значи само нејзино препознавање и воздржување од коруптивни дејствија, туку и пријавување случаи на корупција.

За успешноста на кампањата се погрижија и актерите Игор Ангелов и Фисник Зекри, кои на начин близок до учениците ги презентираат лошите страни на корупцијата и добрите страни на одговорноста и чесноста. За сценариото беше задолжена Елеонора Венинова, која на вешт начин на дечињата им ја спојува забавата и едукацијата.

©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.

ознаки: државна комисија за спречување на корупцијатакорупција

ПРОЧИТАЈТЕ ИСТО ТАКА

Илијев: Зошто во предизборната кампања никој од кандидатите за градоначалници во општините не зборува за подобрување на противпожарната заштита?
Кочани

Пожарникари од ДПД – Кочани станаа дел од Тимот за брз одговор за пожари на отворено

автор: Т. Ајтовски
22 јануари, 2026 17:12
0

16 членови на Доброволното противпожарно друштво - Кочани станааа дел од Тимот за брз одговор (ТБО) за пожари на отворено што работи во состав на Дирекцијата за заштита...

прочитај повеќе
Семејствата на загинатите во „Пулс“ реагираат против неоправданите судски постапки што се водат против млади лица
Кочани

Семејствата на загинатите во „Пулс“ реагираат против неоправданите судски постапки што се водат против млади лица

автор: Т. Ајтовски
21 јануари, 2026 12:57
0

Здружението „16 март 2025 - Кочани“ упати јавна реакција против постапките што се поведени против деца и млади по трагичниот настан во дискотеката „Пулс“. Во реакцијата се оценува...

прочитај повеќе

ВАШ ПАРТНЕР ЗА БЕСПЛАТНА СТРУЈА

https://youtu.be/R37pBPCwu_A
јан 23, 2026 - пет
Кочани, MK
6°C
облаци
облаци
1 m/s, E
81%
754.56 mmHg
fri01/23 sat01/24 sun01/25 mon01/26 tue01/27
одвоени облаци
7/4°C
облаци
8/4°C
облачно
10/6°C
слаб дожд
9/7°C
облачно
11/6°C
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
Импресум

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?