– По повод самото завршување, в петок на 27 април се планира свечено отворање на самиот објект, а воедно ќе има и одбележување на денот на загинување на првиот претседател на Крушевската република. Вкупната вредност на проектот е 5. 647000 денари, најголемиот дел од средствата се од државниот буџет, од Програмата за рамномерен регионален развој, додека сопствено кофинансирање имаат и општините Кочани и Чешиново-Облешево, рече Емил Василев од Центарот за развој на Источниот плански регион.
Спомен обележјето посветено на Карев е на површина од 460 м2, а околината ќе биде уредена со три настрешници. Комплексот ќе содржи четири амфитеатрални реда поставени кон југ, во правец на самиот споменик. Во центарот на комплексот се планира да биде сместена и досегашната спомен-плоча, а од источната страна има седум паркинг-места.
Од Центарот за развој на Источниот плански регион велат дека проектите со кои општините годинава аплицирале за добивање поддршка од Бирото за рамномерен регионален развој веќе се предадени, за нив се врши евалуација и се очекува одговор за кои ќе бидат одобрени финансиски средства.
T. Aјтовски
{fshare}
https://www.youtube.com/watch?v=rASftIA7cmI&feature=youtu.be
{backbutton}
© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.