Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
нема резултати
View All Result
Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result

Заев во Виница: „Со успехот на референдумот го потврдуваме идентитетот, очекувам поддршка од младите“

автор: Т. Ајтовски
27 септември, 2018 07:51
во Политика
време на читање: 1 мин.
A A
Заев во Виница: „Со успехот на референдумот го потврдуваме идентитетот, очекувам поддршка од младите“

Граѓаните на Македонија имаат историска шанса да ја определат натамошната иднина на државата и јас верувам дека ќе ја искористат со тоа што позитивно ќе се изјаснат на претстојниот референдум за стапување во сојуз со развиените и демократски земји во Европа и светот.

Ова го истакна лидерот на СДСМ, Зоран Заев на трибина со граѓаните на Виница што с еодржа во втртоникот вечерта, како дел од предреферендумскиот караван на коалцијата Заедно за европска Македонија. Притоа, Заев ја истакна важноста на постигнатиот договор со Грција и рече оти очекува поддршка од граѓаните на референдумското изјаснување.

– Одлуката е историска, конечно го потврдивме нашиот идентитет и нашиот јазик. Прашањето беше како се зачувува идентитетот и јазикот, затоа што идентите не се преговара, тоа е чувство, тоа е нешто што сме се родиле со него и живееме до крајот на животот, и го пренесуваме на нашите внуци. Ние сме биле Македонци, сме Македонци и ќе бидеме за век и веков Македонци. Важно е што сме сега признати и од Грција и од Бугарија, од целиот свет сме признати, никој повеќе не не негира. Никогаш повеќе нема да не повредува чувството на тоа ФИРОМ кога ни го редат пред спортските клубови, младите кога одат насекаде по светот, рече Зоран Заев, претседател на СДСМ.

Зборувајќи за економските придобивки за локалните самоуправи од влегувањето во ЕУ, Заев истакна дека финансиската помош од европските фондови ќе биде многу поголема од сега.

– Општини како Виница имаат меѓу 2 и 5 милиони евра годишно грантови, директно од ЕУ, за училишта, за водоводи, канализации, за тротоари, за спортски терени, за детски градинки, за се што претставува потреба на една локална заедница. Оваа шанса не смееме да ја пропуштиме, затоа што секој наш деловен човек ќе може плус да аплицира за помош од кохезивните фондови на ЕУ кога ќе набавува нови машини и опрема да поврати до 80 отсто од парите. Сега Македонија помага, даваме државна помош, преку Фондот за иновации даваме 10 милиони евра, дополнително 70 милиони евра е севкупната поддршка во стопанството. Со ЕУ поддршката ќе биде поголема од 700 милиони евра годишно, додаде Заев.

На трибината пред граѓаните на Виница зборуваа и градоначалникот Ивица Димитров, како и сопственикот на компанијата „Макпрогрес“, Глигор Цветанов, кои ги повикаа своите сограѓани да излезат на референдумското изјаснување и да дадат поддршка.

– Имаме две цели и тоа едната е дали ќе влеземе во ЕУ и НАТО, а другата е дали ќе бидеме изолирана држава. Јас сум за првата, за влез на општина Виница, за влез на Република Македонија во НАТО и во ЕУ. Токму ние сме таа генерација која што мора да зграпчи силно, да каже стоп, доста е манипулативни политики, сите да застанеме цврсто за влезот на Македонија во ЕУ. Таа ни дава отворени граници, нови инвестиции, стандардот на граѓаните ќе се подобри, ни дава посигурна инфраструктура, посигурна иднина за нас и за нашите деца, рече Ивица Димитров, градоначалник на Виница.

– Ќе гласам “за“ затоа што на Македонија и е потребна безбедноста која и ја дава НАТО, членувањето во НАТО сојузот. Со тоа ќе бидеме побезгрижни и похрабри, ние од бизнис-секторот повеќе да инвестираме и повеќе да го развиваме бизнисот, и уште повеќе да имаме можност да вработуваме и да го подобриме стандардот на вработените, рече Глигор Цветанов, директор на “Макпрогрес“ – Виница.

На крајот од трибината лидерот на СДСМ, Заев одговораше на прашања на дел од присутните. Притоа ги повика и партиските членови на опозицијата да излезат на гласање на референдумот, без разлика дали ќе се изјаснат “за“ или “против“, со што ќе дадат легитимност на одлуката што ќе биде донесена.

T. Aјтовски

 

©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.

ознаки: заевреферендум

ПРОЧИТАЈТЕ ИСТО ТАКА

Во Кочани е отворена Регионална канцеларија за контакт со граѓаните на пратеникот Павле Арсоски од ЗНАМ
Политика

Во Кочани е отворена Регионална канцеларија за контакт со граѓаните на пратеникот Павле Арсоски од ЗНАМ

автор: Т. Ајтовски
30 декември, 2025 13:46
0

Потпретседателот и пратеник на ЗНАМ во Изборната единица 3, Павле Арсоски денеска во Кочани отвори регионална пратеничка канцеларија за контакт со граѓаните. Отворањето на оваа канцеларија е во...

прочитај повеќе
Капацитетот на градинката  „Павлина Велјанова“ надминат за една четвртина, на листата на чекање има уште 150 дечиња
Политика

ОО СДСМ – Кочани: ДПМНЕ ја продолжува партизацијата на институциите, по седми пат исто лице назначено за директор на градинката

автор: Т. Ајтовски
25 ноември, 2025 12:23
0

Почитувани, „новото'' ДПМНЕ продолжува со старата пракса на поставување на кадри со класична  партизација и клиентелистичко однесување. Иако граѓаните очекуваа да се побрза со отворање на новата градинка...

прочитај повеќе

ВАШ ПАРТНЕР ЗА БЕСПЛАТНА СТРУЈА

https://youtu.be/R37pBPCwu_A
јан 18, 2026 - нед
Кочани, MK
-0°C
неколку облаци
неколку облаци
2 m/s, ENE
71%
773.32 mmHg
sun01/18 mon01/19 tue01/20 wed01/21 thu01/22
неколку облаци
4/0°C
чисто небо
4/-1°C
чисто небо
4/-1°C
облачно
6/1°C
облачно
6/2°C
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
Импресум

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?