– На 2 мај во Собранието на пленарна сесија се шест закони кои што се во делот на земјоделството, кои се во функција и од интерес на земјоделците. Оваа мерка за воведување на “зелена нафта“ за земјоделците преку добивање платежни картички што ќе им бидат дадени од Платежната агенција, односно зелена карта каде што ќе се евидентира износот што го имаат врз основа на повтшините што ги поседуваат и врз основа на нивното производство, ќе добијат соодветен износ што можат да го користат. Сето тоа е внесено во законската рамка, очекувам дека ќе бидат објавени овие закони кои веќе се во второ читање, рече Љупчо Николовски, министер за земјоделство.
Николовски истакна дека од страна на Министерството за земјоделство ќе продолжи исплатата на поддршката за земјоделците, без разлика дали станува збор за директни плаќања, односно субвенции или пак друг вид финансиска помош.
– Започнавме вчера со исплата на обештетувањата од 2017 година, го сменивме законот за персонален данок и веќе оваа година земјоделците до 1 милион денари ќе бидат ослободени од персонален данок, ја воведуваме оваа година “зелената нафта“, со тоа ќе имаат навремени субвенции со тоа помали прозиводтсвени трошоци, но и се поголема поддршка од државата, додаде Николовски.
Според министерот Николовски, освен овие мерки, во ресорното министерство се работи на воведување и на нови, развојни мерки кои се дел од Програмата за директни плаќања и од Програмата за рурален развој.
Т. Ајтовски
{fshare}
https://www.youtube.com/watch?v=J0vCfEMvF5o
{backbutton}
© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.