Од општинската комунална инспекција рекоа дека до сопствениците на сите времени објекти биле испратени писмени известувања со барање сами да ги отстранат. Дел од нив го почитувале предупредувањето, а рокот во кој треба да се ослободи просторот е до крајот на овој месец. Потоа инспекцијата ќе биде принудена да ангажира екипи за рушење, а трошоците за тоа ќе бидат на сметка на сопствениците.
Слична акција за отстранување на бараките имаше пред околу една година, при што беа расчистени најголем дел од јавните површини. Тогаш беше опфатен поросторот кај Болницата, во близина на панаѓурот, во населбата Усова Чешма и на други места. Со расчистувањто се овозможи да се прошират постојните тротоарски површини.
Од Општина Кочани најавуваат дека на просторот каде што сега лоцирани времените објекти ќе се направи хортикултурно уредување, а се планира да се планира да се постават клупи и мали фонтани.
Т. Ајтовски
{fshare}
https://www.youtube.com/watch?v=h0NoSE_G0TI
{backbutton}
©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.