– Идејата е што повеќе граѓани да дадат предлози за тоа како ја гледаат иднината на општината и кој ќе биде фокусот на општината во наредните пет години за да може соодветно да ги насочи своите средтва и своите напори, во остварување на тие цели. На некој начин, тие треба да ја дадат визијата за тоа како сакаат нивната општина да изгледа во следните пет години, рече Кристина Хаџи-Василева, надворешен соработник на UN Women.
Според градоначалникот Илијев, изработката на стратегијата за одржлив развој е важен документ што ќе и помогне на локалната власт да ги опфати и да бара начин да задоволи потребите на граѓаните.
– Затоа се одлучивме за една ваква акција каде што ќе биодат вклучени сите, и сите да дадат придонес, да се чувствуваат како дел од стратегијата што во иднина треба да биде наш патоказ и водач за нашите задачи. Во оваа прилика сакам да с езабалагодарам на организацијата на жените при ОН кои го прифатија нашиот повик, нашиот апел за поддршка и помош во реалзиацијата на овој проект, рече Николчо Илијев, градоначалник на Општина Кочани.
Според предвидената динамика во текот на следниот месец ќе се одржат уште две работилници на кои заедно со граѓаните ќе бидат дефинирани главните насоки на развојот во стратешкиот документ.
Се планира до крајот на јули да се изготви нацрт текстот на Стратегијата за одржлив развој на Кочани, што потоа ќе треба да ја усвои Советот на Општината.
Т. Ајтовски
{fshare}
https://www.youtube.com/watch?v=DeA9SOYwYi4
{backbutton}
©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.