Тендерската постапка за избор на фирма што ќе го изработи планот за објектите трае до 19 декември, а за трошоците за изработка се планирани околу 170 илјади денари.
Градежните парцели имаат по околу 380 метри квадратни со корисна површина за градба од 140 метри квадратни. Притоа, во склоп на секој станбен објект треба да има по четири станбени единици што ќе содржат спална и дневна просторија, чајна кујна со трпезарија и бања. Освен тоа, предвидено е за загревање да се користат клима уреди, а сите објекти да бидат приклучени на постојната водоводна и канализацисдка мрежа. За пристап до нив ќе се изведе нова сервисна улица.
Од Општината очекуваат дека целата постапка ќе заврши брзо и конечно проектот ќе може да се реализира на терен.
– Проектот ќе биде за релативно кратко време готов и дека ние можеме да стартуваме со градбата на овие куќи, односно зградички кои се предвидени за сместување на лицата кои во моментот се сместени во Старата касарна и се во очајна состојба. Навистина ние, како локална самоуправа, она што го презедовме како обврск и пред министерот и пред населението, во рекордно време го завршивме и продолжуваме со истиот интензитет. Очекувам дека наскоро ќе добиеме поддршка и помош, како и до сега, од централната власт и од министерот и дека напролет, односно во почетокот на наредната година ќе почнеме со градба на овие куќички за сместување на овие лица, рече Николчо Илијев, градоначалник на Општина Кочани.
По изработката на проектната документација за објектите за домување, договорено е да се поднесе апликација за финансирање на овој проект со пари од државата преку Стратегијата за ромски прашања.
Со изградбата на новите станбени објекти, ќе се овозможи конечно дислоцирање на дваесетината семејства кои околу три децении нелегално се вселени во објектот на Старата касарна.
Т. Ајтовски
{fshare}
{backbutton}
© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.