Од Локалната самoуправа на Зрновци велат дека со оглед што има зголемен интерес за прием на деца, во најскоро време ќе побараме согласност од Министерството за труд и социјална политика за прием на уште две негувателки и една воспитувачка.
Во меѓувреме, во тек е постапката и за ангажирање педагог со што ќе се комплетира персоналот во установата и таа ќе може нормално да ја извршува функцијата.
Со отпочнувањето со работа на детската установа во Зрновци, ќе се растовари капацитетот на градинките во Кочани кои згрижуваа деца и од соседната општина.
Зрновци е една од ретките рурални општини во источниот регион која доби современа установа за згрижување на најмладите од предучилишна возраст. Објектот има корисна површина од околу 500 метри квадратни со три занимални, сопствено парно греење и сончеви колектори за загревање на водата.
За изградбата на градинката беа вложени околу 230 илјади евра добиени преку ИПА фондовите на ЕУ, а опремувањето на објектот е со средства од Министерството за труд и социјална политика.
Според информациите од општината наскроо објектот и свечено ќе биде предаден во употреба, а на свеченоста се очекува да присуствуваат и претставници од ЕУ, од Министерството за труд и социјала и од други институции кои го помогнаа отворањето на градинката.
Т. Ајтовски
{fshare}
{backbutton}
© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.