Фестивалот за отворен го прогласи градоначалникот на Кочани, Николчо Илијев кој ги поздрави присутните.
Веднаш по отворањето на фестивалот беше одиграна претставата „Многу врева за ништо“ на Вилијам Шекспир во режија на Слободанка Чичевска а во изведба на Гимназијата „Кочо рацин“ од Велес. По неа драмското студио при ЦК „Бели Мугри“ ја одигра претставата „Пеликан“ од Аугуст Стриндберг во режија на Перо Даниловски.
На вториот ден од фестивалот на пладне беше одиграна народната приказна „Токмаците и билбилот“ во режија на Мартин Милчевски во изведна на ОУ „Ванчо Прке“ од Делчево.
Според програмата вечерва на сцената на ЦК „Бели Мугри“ прикажување на претставата „Покондирена тиква“ во режија на Уна Николоска а во изведба на актерите од училиштето „Раде Јовчевски – Корчагин“ од Скопје. Во 22,15 часот е претставата „Ана је чекала“ во режија на Тијана Петровиќ во изведба на актерите од домот на културата „Радивој Увалиќ – Бата“ од Прокупље, Србија. Понатаму до крајот на неделата ќе следуваат уште театарски и куклени претстави како и други придружни активности и настани како дел од фестивалот.
Т. Велкова
{fshare}
https://www.youtube.com/watch?v=q2xmudQ_1II
{backbutton}
© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.