Вкупниот капацитет на браната е планиран на околу 52 илјади кубни метри вода, а височината на насипниот преграден ѕид е 19,5 метри. Освен за водоснабдување, таа ќе треба да обезбедува и вода за производство на вештачки снег.
Со оглед на специфичната локација на акумулацијата, за да се обезбедат доволни количини вода, освен постојниот поток, предвидено е да се изградат и три доводни канали со должина од 660 до 1.300 метри кои ќе опфаќаат дополнителна сливна површина.
Во моментот тече рокот за пријавување на заинтерсситраните проектанстски фирми, кои би ги воделе истражувачките работи на терен и би го изработиле идејниот и основниот проект. Пријавувањето на повикот трае до 7 февруари, а споре дусловите во спецификацијата проектната документација треба да биде изработена во период од седум месеци по потпишувањето на договорот со фирмата што ќе биде избрана на тендерската постапка.
Т. Ајтовски
{fshare}
{backbutton}
©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.