– Проектот има за цел да ги собереме децата кои отсуствуваат од редовната настава. Имаме низа на активности, како што се стручни посети во ромските семејства каде ќе ги анкетираме сите родители, кои деца отсуствуваат, какво образование имаат завршено, дали се на редовна настава или не. Опфатени се ОУ “Раде Кратовче“ и “Малина Попиванова“, а имаме и стручен тим од Бирото за развој на образованието, рече Драганчо Георгиев, претседател на здружението “Авена“.
На работната средба со која всушност и официјално започнува проектот, беше речено дека подолг временски период е идентифиукуван и присутен проблемот со децата Роми кои не се вклучени или не се редовни во образовниот процес. Кко дел од причините за тоа се оценува дека се недоволната информираност и едукација на родителите за задолжителноста за образованието, нивната лоша социјална состојба, како и недостигот од соодветни мерки за подобрување на познавањето на македонскиот јазик. Во спродвдувањето на активностите ќе бидат вклучени три целни групи, односно учениците Роми, нивните родители и педагошко-психолошките служби во двете основни училишта.
Проектот “Сите заедно на училиште“ е финансиран од Европската Унија како подгрант од програмата “Градење посилно граѓанско општество за поттикнување на напорите за унапредување на образовната инклузија на Ромите“.
Т. Ајтовски
{fshare}
https://www.youtube.com/watch?v=KXKIZ6RgqyY
{backbutton}
© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.