Компанијата „Синохидро корпорејшн лимитед“ ги известува возачите и другите учесници во сообраќајот дека денеска е затворен локалниот патен правец од Спанчево кон Соколарци.
Причината за затворањето се градежни активности за подготовка на коловозот за асфалтирање, како и веќе почнато асфалтирање на овој потег. Патот времено е затворен за сите видови возила. Доколку работите се одвиваат според планираното, се очекува да биде пуштен за користење околу 17 часот.
Се повикуваат учесниците во сообраќајот да се придржуваат кон соодветната сигнализација и да се избегнува овој дел за сообраќај додека траат градежните активности. Исто така се замолуваат граѓаните да бидат трпеливи во периодот на изведување на работите.
© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.