Притоа имаме утврдџена динамика на плаќање на сите обврски кои ќе произлезат од активните проекти, кои се работата во моментот. Развојните програми како основа на развоот н инфраструктуирата се на цврвт на нашите приоритети, со 66 милиони денари, рече Николчо Илијев, градоначалник на Општина Кочани.
Водејќи се од начелото на транспарентност во јавните набавки, Илијев даде конкретен пример за заштеда преку строга контрола на трошоците, при што наместо првично планираните 11 улици за 2018 година, со ист паричен износ во моментот се градат 16 улици во сите населени места и во градот Кочани.
Посебен акцент градоначалникот стави на владеењето на правото, како една од основните заложби на оваа локална власт, а во делот на инспекциските служби најави зајакнување на контролите со цел соодветно да се одговори пред законите и прописите.
– Образованието е основа за развојот на секое општество, а со тоа е важна сериозноста и одговорноста на сите раководители на образовните институции. Ќе им порачам на сите инволвирани страни во образованието, да го вратиме достоинството на наставникот преку професионализам, почитување на квалитетот и целосна департизација почнувајќи од првиот човек на секоја образовна институција, додаде Илијев.
Во досегашната работа посебна почит и благодарност Илијев упати до Советот на Општината, кој, како што рече, успеа да ги надмине партиските и дневно-политичките бариери, и чии одлуки придонесуваат за побрз развојот на Општината, што е основен интерес на граѓаните.
{fshare}
{backbutton}
© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.