Кандидатот за градоначалник на Кочани, Зоран Тодоров поддржан од група избирачи под мотото „За живот во Кочани“ денеска одржа прес конференција на која го честиташе верскиот празник посветен на верата, љубовта и надежта, а даде краток осврт за начинот на кој ќе ја реализира предизборната кампања.
-Ни треба и љубов, меѓусебно разбирање толеранција и солидарност за она што ни се случи, ни треба вера дека Kочани можат да прерасне во град кој ќе биде добар за живот за сите граѓани во него и надеж дека иднината за младите луѓе овде ќе биде креиранa и направена по нивeн терк. Тоа е наша задача и ќе биде наша задача во иднина во а кога ќе влеземе во Собранието, како јас како градоначалник, така и советниците во Советот на Општина Кочани. Ние ви ветуваме дека ќе имаме до кампања во која нема да напаѓаме никого, додека нема да скриеме ниту еден проблем кој ги засега граѓаните на општина Кочани. Ќе зборуваме за проблемите, но ќе зборуваме и за решенијата. Никого не напаѓаме и уште еднаш ја подаваме раката кон сите, заеднички да го решиме проблемот во општина Кочани и да направиме подобра иднина за сите, затоа што „Сакам живот во Кочани“ не е само парола, туку треба да биде и дел од нашето срце, истакна Тодоров.

Носителот на независната кандидатска листа за советници „За живот во Кочани“, Влатко Здравков упати јасна порака и силна определба дека Советот на Општина Кочани мора да си го врати дигнитетот, довербата и вистинската улога за да им служи на граѓаните, а не на личните интереси.
-Јавно ја претставуваме нашата декларација за работа без надомест со која се обврзуваме дека нема да ги примаме советничките надоместоци, туку тие средства ќе ги насочуваме назад кон вас граѓаните. На месечно ниво тоа значи заштеда од 7.500 евра, на годишно ниво заштеда од 85.000 евра, а до крајот на мандатот речиси 350 илјади евра кои ќе бидат пренаменети за решавање на вистинските проблеми во нашата општина со кој нашите граѓани се соочуваат секојдневно. Почитувани, оваа декларација е доказ дека ние не ја бараме вашата поддршка заради лична корист, туку заради заеднички напредок. Ние влегуваме во Советот за да служиме, а не за да профитираме и да покажеме дека сме различни од досегашните советници. Во исто време јавно ги повикуваме и сите други кандидати за советници од сите партии и листи да ја поддржат оваа декларација. Најдоцна до петок до 12 часот да дојдат и да ја потпишат во нашите простории. Да покажеме заедно дека Советот на Општина Кочани може да биде симбол на чесност, посветеност и одговорност, Советот мора да биде глас на граѓаните, огледало на нивните потреби и мотор на нивниот развој. Ние сме за живот во Кочани, ние се откажуваме од надоместоците затоа што веруваме дека парите треба да се вложуваат таму каде што ќе значат подобар живот за сите, во училиштата, во игралиштата, во чистата животна средина и во заедницата. Прашање е дали другите се подготвени да бидат на вистинската страна, страната на граѓаните. Почитувани, ова не е само декларација, ова е нов почеток, ова е нашата визија за Кочани, град на достоинство, развој и надеж. Ова е нашата заедничка борба за живот во Кочани, истакна Здравков.
©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.






