За Општина Кочани од посебен интерес за реализација се и проектите за реконструкција на Мултикултурниот центар, апликација која е поднесена до Програмата за прекугранична соработка преку Центарот за развој на Источниот плански регион во партнерство со бугарската општина Гоце Делчев, како и проектот „Уредавање и опремување на просторот околу Споменикот на слободата“, каде партнер е Општина Рила.
До Министерството за труд и социјална политика се поднесени апликации за изградба на два капитални објекти – нова детска градинка во месноста Драчевик и за изградба на домот за стари лица.
Преку Проектот за локална и регионална конкурентност (Светска банка) е поднесенпроектот „Планински велосипедски раj“, кој опфаќаизградба на пешачко-велосипедски патеки, реконструкција на планинарскиот дом и надградба на паркингот на Пониква, за што се бараат 489.000 евра. До Светска банка е поднесен и проект за реставрација и конзервација на Споменикот на Слободата, кој заедно со проектот за уредување на околината, би резултирал со комплетно уредена целина.
До Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој се поднесени проекти за асфалтирање и реконструкција на улици во селата Долни Подлог, Мојанци, Тркање, Прибачево и Оризари; за поврзување на Оризари со Кочани (ул. „Енгелсова“– прв дел) и поврзување на с. Гратче со Кочани;проект за изградба на пристапен пат до манастирот Добра Вода, како и за изградба на првиот дел од локалниот пат од Крушка до местото викано Ајдар. За реализација на сите овие проекти се потребни близу еден милион евра.
Во фаза на реализација се проектите за асфалтирање на локалниот пат од Крушка до Полаки од Бирото за регионален развој, Општинско корисна работа од УНДП, Реконструкција на Центарот за култура „Бели мугри“, преку Министерството за култура, на Ран детски развој (УНИЦЕФ), како и проектот Мобилен сервис за домашна посета.
Информацијата за аплицирани и реализирани проекти беше разгледана на 16. седница на Советот на Општина Кочани, за која членовите дадоа едногласна поддршка и повикаа и понатаму да се креираат и аплицираат што повеќе проекти и да се решаваат значајни потреби на Кочани.
{fshare}
{backbutton}
© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.