Според анализите на Одделението за јавни дејности на Општина Кочани, секоја учебна година стартува со околу трисетина ученици помалку со сите одделенија во општинските образовни институции. Иако училиштата не водат прецизна евиденција за причините за нивно отпишување, искуствата покажуваат дека најчесто тие своето образование го продолжуваат надвор од нашата држава.
За првите три месеци од оваа учебна година најголем број отпишани ученици шестмина петмина се регистрирани во средното општинско училиште “Гошо Викентиев“ , а пет во основното „Св. Кирил и Методиј“. Во средното „Љупчо Сантов“ и основното „Никола Карев“ има двајца, а во другите основни училишта се евидентирани по еден отпишан ученик. Практично за неполно полугодие недостасува цела една паралелка. Сите ученици како причина за напуштањето на образованието навеле дека заедно со семејствата се иселуваат во странство.
Освен заминувањето во странство, во евиденцијата на кочанските училишта е забележано дека просечно годишно уште триесетина ученици се отпишуваат заради префрлање во образовни институции во други градови во Македонија.
T. Aјтовски
{fshare}
{backbutton}
© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.