-Во текот на 2018 година заедно со работната единица Пробиштип имаме издадено 71 дозвола за собирање шумски плодови од кои 25 се во општина Кочани а 46 во општина Пробиштип. Обично кај нас најзастапени се плодови од модра смрека и боровинки. Боровинките би требало да се собираат во август, меѓутоа имаме појава на рано собирање на овие плодови со што и ги уништуваат стеблата на истите, рече Благојчо Диванисов, раководител на ШС „Осогово“ Кочани.
Со правните субјекти со фирми кои што се регистрирани за собирање на шумски плодови вообичаено подружницата склучува и договори. Сето тоа е регулирано согласно прописите и дозволите на МЗШВ и заеднички со ЈП „Македонски шуми“ се дава едно заокружување и тековно следење од почетокот на собирањето до извезувањето на шумските производи на теренот. Од ШС „Осогово“ апелираат да не се берат предвреме недозраени производи.
-Сакам да апелирам да не се уништуваат боровинките бидејќи имаме масовна појава на нивно рано собирање и уништување и веќе на тие места следна година имаме намалување на количините, додаде Диванисов.
Шумочуварска служба прави напори за детектирање на тие луѓе кои намерно ги уништуваат плодовите и за уништувачите или за собирачите на плодови без дозвола следува нивно отстранување од теренот и соодветни казни. За собирање на шумски плодови се регистрирани и нивните откупувачи како правни субјекти и соработката со нив е одлична, додава Диванисов.
Инаку, контролата на собирање на шумски плодови е изградена во еден систем на интегрална контрола и во тој систем се вклучени МЗШВ, шумарскиот инспектор, ЈП „Македонски шуми“ и подружниците во соработка со шумската полиција.
Т. Велкова
{fshare}
{backbutton}
© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.