Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
нема резултати
View All Result
Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result

За 100 отсто да поскапи паркирањето во Кочани ќе одлучува Советот на Општината

автор: Т. Ајтовски
22 септември, 2023
во Кочани
време на читање: 4 мин.
A A
За 100 отсто да поскапи паркирањето во Кочани ќе одлучува Советот на Општината

Надоместокот што возачите го плаќаат за паркирање на возилата во централното градско подрачје на Кочани е меѓу најниските во државата, а според предлогот до Советот на Општината, наскоро би можел да поскапи за 100 отсто.

Според одлуката што беше донесена уште во 2014 година, за еден час паркирање на определените паркинг места се плаќаат по 10 денари и оваа тарифа остана непроменета во изминатите скоро 9 години. Покрај плаќањето во готово што го вршат лица наплатувачи, на возачите им беше овозможено надоместокот да го плаќаат и со СМС пораки од мобилен телефон, што чини нешто повеќе поради дополнителната провизија што ја наплаќа операторот.

Со најновата одлука што треба да ја разгледа Советот се предлага измена на членот 3 кој се однесува токму на надоместокот за паркирање, а што треба да гласи:

-за користење на просторот за паркирање на временски ограничените паркинг простори  на моторни возила:

                        – 20 денари од час;

                        – 100 денари од час за паркирање на товарни моторни возила и автобуси;

                        – 30 денари од час за паркирање приколки.

Според одлуката од 2014 година за паркирање се плаќа на улицата „Маршал Тито“ по целата должина од мостот кај плоштадот до мостот кај Поштата, како и на улицата „Димитар Влахов“ од пред зградата на Водостопанство „Брегалница“ до спојот со улицата „Коле Неделков“ во Стришани. Исто така, за паркинг ќе се наплаќа и за просторот меѓу зградите на „Стопанска банка“ и водостопанство  “Брегалница“. Иако имаше најави и обиди наплатата за паркирање да се прошири и на плоштадот и другите улици во центарот на Кочани, Општината не донесе конечно решение.

Новата предлог одлука за покачување на надоместокот за паркирање ќе се разгледува на седницата на Советот на Општината што е закажана за 27 септември.

Иако се очекуваше дека со плаќањето за паркирање ќе се стави некаков ред во хаосот во сообраќајот, тоа не се случи. Дел од улиците кои се во централното градско подрачје, а за кои не се плаќа паркинг, станаа претрупани со возила.

©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.

ознаки: надоместок за паркирањепаркинг

ПРОЧИТАЈТЕ ИСТО ТАКА

Почна реконструкцијата на Одделот за физикална медицина и рехабилитација во Општата болница – Кочани
Кочани

Почна реконструкцијата на Одделот за физикална медицина и рехабилитација во Општата болница – Кочани

автор: Т. Ајтовски
13 јуни, 2025
0

На Одделот за физикална медицина и рехабилитација во Општата болница со проширена дејност во Кочани денеска почнаа градежните работи за реконструкција, со што ќе се обезбедат подобри услови...

прочитај повеќе
Родителите на загинатите во пожарот во „Пулс“ почнаа да даваат искази во Јавното обвинителство во Кочани
Кочани

Обвинителен акт против 34 лица и три правни субјекти поднесе Обвинителството за пожарот во „Пулс“

автор: Администратор
13 јуни, 2025
0

Обвинителскиот тим кој беше ангажиран во истрагата на пожарот во „Пулс“ го анализирал целокупниот прибран доказен материјал и денеска до Основниот суд во Кочани поднесе Обвинителен акт против...

прочитај повеќе

ВАШ ПАРТНЕР ЗА БЕСПЛАТНА СТРУЈА

https://youtu.be/R37pBPCwu_A
јун 14, 2025 - саб
Кочани, MK
26°C
чисто небо
чисто небо
2 m/s, WSW
36%
765.07 mmHg
sat06/14 sun06/15 mon06/16 tue06/17 wed06/18
чисто небо
26/19°C
чисто небо
26/17°C
чисто небо
28/18°C
чисто небо
29/19°C
чисто небо
28/20°C
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
Импресум

© 2011 - 2025 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО

© 2011 - 2025 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?