– Во разговор со поранешниот претседател, ми наведе дека многу малку борачи има, дека скоро и да нема борачи. Гледам дека интерес има, борачи поранешни, но треба да работиме заедно да создадеме нешто. Ќе се сложам со господинот од “Комарец“ што напиша дека клубот е пред распаѓање, му честитам за таа мисла, беше пред распаѓање, но ние ќе се нафатиме да го кренеме на нозе, бидејќи состојбите какви што се со сала, со борачи и другите работи, ќе ги разговараме дополнително, денеска не можеме околу тоа да разговараме, рече Звонко Ѓорѓиев, претседател на БК “Спартак“
Ѓорѓиев најави дека наскоро ќе се одржи нов состанок на кој ќе се разговара за финансирањето на клубот, враќањето на борачите и воопшто за подобруваање на состојбата.
– Разговарав во Локалната самоуправа со градоначалникот, кој дава поддршка со одредени средства што се наведени во Програмата на Советот на Општина Кочани, ние ќе се бориме да издејствуваме што повеќе, ќе бараат од нас резултати за да добиеме повеќе средства. Се надеваме и на поддршка од одредена група стопанственици кои се заинтересирани, но за тоа потоа. Мандатот на претседателот е 4 години, а јас веднаш ќе ви дадам отчет за една година. Ако нема некаков резултат во “Спартак“, нема да дозволам да стојат резултатите и се надевам дека ќе го помрднеме од мртва точка клубот, додаде Ѓорѓиев.
Претседателот на “Спартак“ ги предложи новите членови на Управниот и на Надзорниот одбор кои добија поддршка од присутните на годишното собрание. Со тоа, покрај Ѓоргиев, во Управата влегуваат и Љупчо Стојанов, Игор Христов, Благој Јорданов, Ацо Стојановски, Орце Митров, Тоше Стојановски, Звонко Илиевски, Јорданчо Јанев, Димче Нешев и Бобан Савев, додека Надзорниот одбор го сочинуваат Влатко Соколов, Димитар Горгиев и Гоце Ангелов.
Т. Ајтовски
{fshare}
https://www.youtube.com/watch?v=ZhRnFDX5aME&feature=youtu.be
{backbutton}
© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.