-Решивме да се обединиме и ние, како предводник на унијата со уште пет други здруженија, успеавме за само една година нашиот глас да биде слушнат од раководните структури, особено во ситуација кога немаме претставник кој може да биде вклучен во креирањето на здравствената политика. Во работни групи ги разгледуваме сите предлози за донесување законско решение за нашата професија, за да помогнеме да се почитуваат правата, но и обврските што ги имаме. Сега се соочуваме со состојба во која сестрите со завршено високо образование од оние со средно се разликуваат само според висината на платите, додека нема категоризација според интервенциите што ги извршуваат, па дури не се знае каде сестринските интервенции завршуваат во однос на лекарските, истакна Гордана Бешлиовска, претседател на Здружението на медицински сестри, акушерки и стоматолошки сестри „За нас“.
Здружението бара во Законот за здравствена заштита да се направат измени и дополнувања за сестрите од концесионерското и од приватното здравство, бидејќи не постои рамка на договори врз основа на кои сестрите го засноваат работниот однос во здравствените установи, а често се случува да останат и без работа како технолошки вишок, по затворање на ординации или по пензионирањето на лекарите.
Во меѓувреме завршено е првото читање на законските измени, па Здружението „За нас“ очекува вметнаување на членот според кој сестрите од концесионерското и приватното здравство кои останале без работа, ќе бидат вратени во јавниот здравствен сектор од каде претходно биле пренасочени. Оптимстичките проценки се дека до крајот на годината ќе биде донесен и закон за медицинските сестри.
{fshare}
{backbutton}
© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.