Од стручните служби во Општина Кочани додадоа дека за в петок е закажана координација на претставниците на советничките групи на која ќе се утврдуваат точките за дневниот ред на наредната седница на Советот. Меѓу предлозите е вметната и иницијативата за враќање на името на една од главните градски улици во Кочани.
– Нема овојпат да се колеба Советот во однос на правилната одлука што треба да ја донесе, бидејќи тоа е во интерес на граѓаните. Ако тие се наши претставници таму, треба да слушаат, а најголем дел од граѓаните реагираа, но вака, интимно, во меѓусебни разговори, не на друг начин, со протест или како било. И сега, кои се тие што таму ќе речат “не“ после сета оваа процедура што треба да биде како што е ред, рече Трајан Трендов, претседател на Здружението „Јосип Броз Тито“.
На почетокот од оваа година Комисијата за култура, образование и спорт на Општина Кочани ја разгледуваше предлог листата за именување на десет улици, при што беше прифатен предлогот две од нив да ги добијат имињата на поранешните претседатели на Република Македнија, Киро Глигоров и на поранешна СФРЈ, Јосип Броз Тито.
Инаку, името на улицата „Маршал Тито“ во Кочани беше променето во „ВМРО“ пред четири години, за што одлука донесе тогашното мнозинство во Советот на Општината.
T. Aјтовски
{fshare}
{backbutton}
© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.