Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
нема резултати
View All Result
Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result

Земјоделци не ја прифаќаат водата за полнење на оризовите ниви, ја оштетуваат каналската мрежа и механизацијата

автор: Т. Ајтовски
29 април, 2024 11:52
во Кочани
време на читање: 2 мин.
A A
Земјоделци не ја прифаќаат водата за полнење на оризовите ниви, ја оштетуваат каналската мрежа и механизацијата

Со сериозни проблеми при дистрибуцијата на водата во каналската мрежа и полнењето на оризовите ниви се соочуваат вработените во водостопанската подружница „Брегалница“ поради неодговорните и деструктивни постапки на одделни земјоделци. Тие сè уште не ја завршиле подготовката на своите површини за сеидба на оризот, иако соседните ниви веќе се наполнети и посеани.

Поради тоа  водата не може рамномерно и соодветно да се распределува, а загрозени од предвремено полнење и поплавување се ниви кои, според планот, вода треба да добијат во почетокот на мај.

Од подружницата велат дека оризопроизводителите од атарите на селата Јакимово и Оризари го почитуваат договорениот план за полнење на нивите и за сеидба, но проблемот се јавува со земјоделци од атарите на Кочани и Грдовци. Тие не ја прифаќаат водата со образложение дека доцнат со подготовката на површините поради неповолните временски услови.

По санирањето на штетата предизвикана со намерното сечење на гумената брана кај Грдовци, водата била пуштена во каналите, но некои земјоделци не ја прифатиле и таа направила штета со поплавување на ниви што не се подготвени за сеидба. Во атарите на другите села наводнувањето ќе почне по првомајските пазници, но и таму ќе има проблеми со оглед што оризопроизводителите не можат да се договорат за датумот кога да почнат со полнење на нивите. Тоа главно се однесува на земјоделците од Чешиново кои водата треба да ја очекуваат од Соколарци, Спанчево и Чифлик.

Во водостопанската подружница „Брегалница“ се соочуваат и со намерно оштетување на каналската мрежа, на металните врати на испустите, што заедно со недоволниот број вработени, опрема и механизација, ја усложнува работата и нормално спроведување на годишниот план за наводнување. Покрај повеќекратното намерно сечење на гумената брана, за само една недела на три пати е регистрирано оштетување на опремата и кражби на гориво од градежната машина со која се чистат каналите. Од подружницата упатуваат апел до водокорисните да ги почитуваат договорите за полнење на нивите и да не фрлаат отпадоци и шут во каналите за наводнување.

©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.

ознаки: водостопанска подружница „брегалница“наводнувањеоризопроизводство

ПРОЧИТАЈТЕ ИСТО ТАКА

Заврши проектот за психолошка помош што го поддржа Амбасадата на Германија по трагедијата во Кочани
Кочани

Заврши проектот за психолошка помош што го поддржа Амбасадата на Германија по трагедијата во Кочани

автор: Т. Ајтовски
15 јануари, 2026 13:43
0

Со пригодна свеченост што ја организираше Доброволното противпожарно друштво – Кочани беше означено завршувањето на проектот за психолошка помош за образовната заедница по трагичниот пожар во клубот „Пулс“,...

прочитај повеќе
Јавна поддршка доби иницијативата на Здружението „16 март 2025 – Кочани“ за определување локација за спомен-обележје на трибината што ја организираше Општина Кочани
Кочани

Јавна поддршка доби иницијативата на Здружението „16 март 2025 – Кочани“ за определување локација за спомен-обележје на трибината што ја организираше Општина Кочани

автор: Т. Ајтовски
12 јануари, 2026 22:37
0

Јавна трибина организираше Општина Кочани по иницијативата на Здружението „16 март 2025 – Кочани“ за определување локација за изградба на спомен-обележје на жртвите од трагичниот пожар во клубот...

прочитај повеќе

ВАШ ПАРТНЕР ЗА БЕСПЛАТНА СТРУЈА

https://youtu.be/R37pBPCwu_A
јан 18, 2026 - нед
Кочани, MK
-0°C
неколку облаци
неколку облаци
2 m/s, ENE
69%
773.32 mmHg
sun01/18 mon01/19 tue01/20 wed01/21 thu01/22
неколку облаци
4/0°C
чисто небо
4/-1°C
чисто небо
4/-1°C
облачно
6/1°C
облачно
6/2°C
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
Импресум

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?