Во тек е возобновувањето на овој свет храм, фрескописот е завршен во 95% и ни останаа некои детали на украсување на храмот. За време на Велигденскот пост се планира поставување на подот и со Божји благослов догодина ќе извршиме преосветување на овој свет храм и се надеваме дека ќе бидеме посетени и од нашиот Архиепископ Стефан, рече Лазар Коцев, парохијски свештеник.
И градоначалникот Станков ги поздрави и им го честита празникот на сите верници.
-Денеска во слава и чест на патронот и заштитник на општина Зрновци Св. Вмч. Димитриј Солунски, општина Зрновци заедно со МПЦ го одбележува патрониот празник на општината. Чествувањето започна вчера со тоа што положивме цвеќе на споменикот на Св. Димитриј, потоа се организираше вечерна богослужба а денеска Света Божествена Литургија и заедно со една духовна радост прославата ја завршуваме со сенароден ручек за сите верници. Им го честитам празникот на општината на сите верници и граѓани на општина Зрновци, рече Блаже Станков, градоначалник на општина Зрновци.
По завршување на Литургијата беше пресечен и славскиот колач, а оние кои што имаа куќна слава или го слават својот именден, подигаа панагии за здравје и бараа молитвено застапништво од светиот чудотворец Димитриј Солунски.
Одбележувањето на празникот на општината продолжи со празнична трпеза и манастирски ручек.
Т. Велкова
{fshare}
{backbutton}
© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.