Според описот во проектот, објектот на Мултикултурниот центар ќе се заштити од подземната вода, ќе се постави комплетно нова термоизолациска фасада, нова кровна конструкција и кров, нова внатрешна и надворешна столарија, а ќе се изврши обработка на ѕидовите, санитариите и подовите. Паралелно со реконструкцијата на Мултикултурниот центар во Кочани, во Општина Гоце Делчев ќе се реконструира Туристичкиот инфоцентар.
Вкупниот буџет за активностите од двете страни на границата, изнесува 500 илјади евра, односно по околу 250 илјади евра за секој партнер, сума во која се вклучени градежните работи, надзорот, меките мерки и средствата за управување на проектот.
Реконструкцијата се реализира во рамките на проектот „Нашето заедничко минато –патека за заедничка иднина“, а средствата се обезбедени од Програмата за прекугранична соработка со Република Бугарија, во партнерство на Источниот плански регион и бугарската Општина Гоце Делчев.
По реконструкцијата на приземниот дел од некогашното Старо Кино во Кочани и адаптацијата во 2002 година како културен простор, градежните надворешни и внатрешни интервенции на овој објект доаѓаат во вистинско време.
{fshare}
{backbutton}
© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.