Од КЈП Водовод“ рекоа дека случајот бил пријавен во Полициската станица, а се планира да се постават дополнителни дежурни чуварски служби на градската депонија за да се спречи нејзинот повторно палење.
Во писмен допис до јавноста од претпријатито велат дека предизвикувањето на пожар на депонијата е крајно опасно за околината, предизвикува голема еколошка штета, а доколку дојде до неконтролирано проширување можно е да има и огромни материјални штети. За локализирање на пожарот претпријатирео е принудено да испраќа цистерни, да ангажираме работници, механизација и возила, што исто така е дополнително финансиско оптоварување и за за КЈП „Водовод“, за Противпожарната служба и за граѓаните на Општина Кочани.
Во дописот се апелира до сите граѓани неовластено да не влегуваат на градската депонија и во никој случај да не палат оган на истата. Доколку некој забележи подметнување пожар на депонијата истото да го пријави во полиција.
Од комуналното претпријатие апелираа до градежните фирми и до граѓаните кои вршат ископ на земја, да ја носат на депонијата за да помогнат во спречувањето на нов пожар.
Во саботата попладне чадот од градската депонија кај Кочани стигна до градот и ја прекри целата котлина, поради што граѓаните регираа на загадениот воздух и смрдеата на изгорено.
Т. Ајтовски
{fshare}
https://www.youtube.com/watch?v=lBfd3yiXT1M
{backbutton}
© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.