Пречистителната станица се гради на најниската гравитациска точка на вливот на Оризарска Река во Брегалница и ќе ја прочистува фекалната вода од девет испусти од Кочани што ќе бидат собрани во главен колектор.
– Она што во моментот ни прави проблеми е колекторот и најверојатно тука ќе доцниме. Проблемите се поголеми бидејќи оризот е во вегетација, а сакаме штетите да бидат што е можно помали. Има и други проектантски проблеми што проектантот не ги предвидел и што ќе бидат тема на разговор на состанокот. Како што реков, очекувам градбата да заврши во предвидениот рок, можеби и нешто пред предвиденото кај пречистителната станица, а проблемите со доводот на отпадните води, како што рече и консултантот, ќе ни зададат проблеми, но овде сме, да разговараме и да изнајдеме соодветно решение, рече Николчо Илијев, градоначалник на Општина Кочани.
Целиот комплекс ќе биде опремен со најсовремена технологија за пречистување на отпадни води, со мала површина и минимални трошоци за експлоатација и одржување. Заради заштеда и непречено снабдување со електрична енергија се предвидува да се изгради и фотоволтаична централа.
Во пречистителната станица кај Мојанци ќе бидат третирани отпадните води од Кочани и од околните рамничарски села, со капацитет од 58 илјади еквивалент жители. За нејзината изградба швајцарската Агенција за развој и соработка – СЕКО, обезбеди грант од 21 милион швајцарски франци, а околу 2 милиони евра се од буџетот на Република Македонија.
Т. Ајтовски
{fshare}
{backbutton}
© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.