Општина Зрновци ќе гради и реконструира вкупно 10 улици во трите населени места, а од општинскиот буџет за оваа намена се издвоени 3,5 милиони денари.
На одржаната 29. седница на Советот на Општината градоначалникот Борчо Коцев предложил изградба и реконструкција на улици во трите населени места во општина Зрновци, а одлуката била едногласно усвоена од советниците.
Ќе се гради нова улица во село Видовиште покрај Видовишка Река со вкупна должина од 180 и ширина 2 метри. Изградба на нова улица е предвидено и во селото Мородвис покрај Морошка Река, со вкупна должина од 160 и ширина 3 метри, со две решетки од по 3 метри за атмосферска канализација. Исто така, во Мородвис, на просторот пред училиштето „Синиша Стоилов“ ќе се врши асфалтирање паралелно со регионалниот пат со површина од 200 квадратни метри.
-Повеќето од улиците се во Зрновци, а со изградбата и реконструкцијата ќе бидат опфатени: нова сервисна улица во Зрновци од ул. „Скопска“ до обиколница Зрновци-Мородвис, со вкупна должина од 170 метри и ширина 3 метри, со уредување и тампонирање на паркинг простор со површина од 800 квадратни метри, исто така ќе се изгради нова улица крак 1 од ул. „Скопска“ со должина од 70 и ширина од 2,5 метри. Изградба на Крак 4 од ул. „Илинденска“, со вкупна должина од 30 и ширина од 3 метри. Реконструкција на дел од ул. „Скопска“ до ул. „Илинденска“ во должина од 204 и ширина 3 метри. Реконструкција на два крака на ул. „Аспарух Манев“, со вкупна должина 200 и ширина 3,5 метри, а исто така предвидено е реконструкција на Крак 3 од ул. „Илинденска“ на КП бр.5121 со должина од 40 и ширина од 3 метри, истакна градоначалникот Борчо Коцев.
По завршување на постапката за избор на економски оператор и потпишувањето на договорите, градежните активности ќе почнат кон крајот на месец септември.
© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.