– Имаме некаде околу 40 впозила, од Полска, Србија, Црна Гора, Босна, Република Српска и од Македонија. Ова е веќе четврти собир кај нас во Кочани, а тоа во Србија се одржува од 2000 година, кога беше првиот собир, тоа е еден вид на дружење. Јас имам фолксваген буба, произведена 1970 година, ја имам околу 10 години. Љубовта е од татко ми, тој е мајстор за нив и тој вози буба, и така. Тие се лесни за одржување и не се расипува. Причина за тоа е што моторот е произведен за да се движи и во Сибир и во Сахара, што значи дека може да оди на плус 40 и на минус 40, на неа не и смета, рече Александар Јовановски, организатор на изложбата.
Јовановски со своето возило и самиот учествува на слични изложби кај нас и во регионот, а најавува дека со ваквите активности ќе продолжи и во иднина. Следниот собир на љубителите на фолксвагенот бубачка е во Босна и Херцеговина.
Т. Ајтовски
{fshare}
{backbutton}
© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.