Мислам дека сме на добар пат да најдеме решение за почеток на изградба на овој старечки дом. Од Владата истакнаа дека имаат предвидено средства за таа намена, со оглед на состојбата на откажувањето на изградбата на аеродромот во Штип, односно дел од средствата од таму ќе бидат наменети за такви проекти, меѓу кои и овој. Ние ја имавме таа среќа да имаме готов проект со кој што излеговме и веќе конкуриравме во Министерство за труд и социјална политика. Се надеваме на позитивен одговор и конечно со отпочнување со градба на овој значаен проект, рече Николчо Илијев, градоначалник на општина Кочани.
Инаку, домот за стари лица што ќе се гради во Кочани ќе ги опфаќа здруженијата на пензионерите од Кочани, Виница, Македонска Каменица, Делчево, Пехчево и Берово и ќе биде од регионален карактер.
Т. Велкова
{fshare}
https://www.youtube.com/watch?v=llKCxdMq_dM
{backbutton}
© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.