Без обѕир на целокупната ситуација, ние како локална самоуправа, јас како градоначалник и мојот тим кој се грижи и работи во делот на реализацијата на Буџетот и исполнување на преземените обврски, сме горди што денеска имавме шанса да го претставиме она што го направивме во изминатите три месеци, односно во изминатите пет месеци од периодот откако ја презедов градоначалничката функција, рече Николчо Илијев, градоначалник на Општина Кочани.
Во продолжение Илијев се осврна на финансиското работење во измниатиот период, при што спомена дека поголем дел од наследените долгови на Општината се вратени, се покриваат и тековните обврски, а тоа се постигнува со рационално трошење на парите на граѓаните.
– Ние во овој период имаме направено јавна набавка, распишано тендери за изведба на 11 улици, кои дел се работат, а кај дел е во процедура за потпишување договори, во следниот период ќе следи една градежна офанзива каде граѓаните ќе можат да видат и градење и благодет преку изградените улици. Не е запоставен и делот во разговорите со централната власт околу инвестирањето на одредени поголеми инфраструктурни проекти, како што е изградбата на детска градинка, каде направивме напори, изработивме проект кој дали ќе биде одобрен од стручните служби на Министерството за труд и социјална политика ќе почекаме, но во секој случај сме неколку чекори напред во однос на тоа што го затекнавме, бидејќи покрај проектот за детска градинка чека уште еден проект за релизација, а тоа е изградбжа на старечки дом во Кочани и со тоа мислам дека одговараме на повиците од централната власт, додаде Илијев.
На крајот од прес-конференцијата градоначалникот Илијев рече дека освен од централаната власт, подршка за реализација на проекти се бара и од други извори, при што преку Центарот за разој на Источниот плански регион е конкурирано со два проекти, а носител на еден проект е и КЈП “Водовод“. Со тоа се очекува да се решат дел од проблемите со кои се соочуваат граѓаните.
Т. Ајтовски
{fshare}
https://www.youtube.com/watch?v=MV8rqm6e9_o
{backbutton}
©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.