Екипата на „Илијев 2019“ од Кочани е победник на традиционалниот турнир во мал фудбал што годинава по десетти пат се одржа во рамки на Спортските игри во Зрновци, а по повод Илинден. Во финалето таа беше подобра од тимот на „Булевар“, со што го освои и победничкот пехар.
Организатори на турнирот беа Општина Зрновци и Локалниот младински совет, од каде изразија задоволство од прикажаната игра. За најдобрите екипи и поединци, беа обезбедени награди и признанија.

-Благодариме на учесниците за покажаниот фер-плеј и спортски дух со што заеднички придонесоа турнирот да помине во најдобар ред и достоинствено да го одбележиме големиот македонски празник Илинден – Денот на Републиката, истакна градоначалникот на Зрновци, Борчо Коцев.
Во борбата за третото место на фудбалскиот турнир играа „Бока јуниорс“ и „Фабијан“, кој минатата година беше победник, а годинава го освои бронзениот пехар. Покрај признанијата и пехарите, на најдобрите три екипи им беа доделени и парични награди во износ од 30, 20 и 10 илјади денари.

За најдобар стрелец на турнирот беше прогласен Ефтим Аксентиев кој настапи за победничката екипа, признанието за најдобар играч му припадна на Мартин Малчев, а Никола Јовановски беше прогласен за најдобар голман.
©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.