Општина Кочани информираше дека градоначалникот Љупчо Папазов се сретнал со Владимир Крстов, претставник на градот Лајонс кај Чикаго во САД, со кого разговарал за иницијативата за збратимување на двата града.
Со Крстов, кој по потекло е од Кочани, а живее и работи во Чикаго, првично биле разгледани можностите за соработка и спријателување на македонската со американската општина.

Притоа е најавено дека се очекува наскоро во Кочани да допатува градоначалникот на Лајонс, Кристофер Гети, за да се реализира иницијативата за збратимување.
Кочани веќе има потпишано договори за збратимување со десетина друг градови од балканските и европските држави, а ова инцијатива ќе биде прва за воспоставување официјална соработка со град од друг континент.
Досегашните контакти со збратимените општини главно се на планот на културната соработка, преку размена на фолклорни и други здруженија, кои учествуват на фестивали и манифестации што се организираат кај нас и во странство.

©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.