Вработени во Управата за јавни приходи кои се вклучени во случајот со пожарот во клубот „Пулс“ се суспендирани од работните места по емитувањето на документарниот филм што го подготви Истражувачката репортерска работилница – ИРЛ.
Се работи за инспектори од Регионалната дирекција на УЈП во чија надлежност е контролирањето на финансиското работење на субјектите на подрачјето на Кочани. Суспендирањето од работа ќе биде во периодот додека трае постапката во која треба да се утврди состојбата за целиот случај.
Од УЈП оцениле дека се работи за сериозно прекршување на кодексот на однесување на вработените, а мерката е преземена за да се заштити интегритетот, угледот и довербата на граѓаните кон институцијата.
Во снимениот материјал што го подготви ИРЛ беа посочени имиња на вработени во Управата за јавни приходи кои не ги почитувале прописите и актите на оваа институција, поради што е донесена одлука против нив да се преземат соодветни дисциплински мерки.
©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.






