Предавач беше Валентин Захариев од Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството во Кочани.
-Овој пат програмата предвидува стартен процент на враќање на вложените средства од 60% кој што може да дојде и до 70% за млад земоделец и во однос на други критериуми, рече Валентин Захариев, Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството Кочани.
Земјоделците при аплицирањето се соочуваат и со одредени проблем. Како најважен го истакнаа недостатотокот на финансиски средства. Но се работи и на решавање на тој проблем, велат од Агенцијата.
-Оваа програма функционира на тој начин што најпрво земјоделецот треба да инвестира во она што сака да го добие а подоцна му се враќаат парите. Затоа земјоделците се соочуваат со финансиски проблем. Во однос на ова се предвидува некаков гарантен фонд за земјоделците преку кој ќе можат да набават средства со минимална камата за да можат да инвестираат, додаде Захариев.
Здружението за едукација на земјоделци „Зелена берза“ од Битола чија е цел е да им помогне на земјоделците и да направи спој помеѓу земјоделците со трговците и институциите за да се решат сите проблеми кои што произлегуваат од самото работење.
-Она што „Зелена берза“ во моментов сака да го направи е да ги актуелизира проблемите и да можат тие а проговорат не само за проблемите со кои што се соочуваат туку и за нивните успеси, бидејќи во нашата држава има и многу успешни земјоделци и да се поттикнат младите земјоделци, бидејќи мал е бројот кои што сакаат да е занимаваат со земјоделство, рече Павлина Јовановска, „Зелена берза“ Битола.
Сите услови ги имаат, сите документи ги поднесуваат уредно и пак не успеваат да добијат одобрување за добивање на механизација, се жалат земјоделците од искуството од претходните огласи. Очекуваат подобри услови и критериуми на следниот оглас во ноември.
-Пробуваме, аплицираме, а не добиваме на огласот. Ние секогаш ги поднесуваме нашите документи, од Агенцијата ни тврдат дека се е во ред, и после не добиваме на огласот, не можеме да купиме механизација, затоа и не аплицираме. Се на подобри услови и критериуми на огласот што следува, рече Мијалче Кузманов, земјоделец од Чешиново.
На настанот, имаше презентација на земјоделска механизација. Јавниот повик по ИПАРД 2 програмата за набавка на земјоделска механизација се очекува да излезе во првата половина на ноември.
Т. Велкова
{fshare}
{backbutton}
© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.