Апсолутно ќе бидат поконкурентни, ги запознававме со светските трендови, што е тоа што на глобално ниво се случува, органското производство е вториот најбрзорастечки во текот на мината година. Швајцарија и Данска имаат стратегија до 100% од нивното производство да биде органсжко, пазарите во Европа бараат органски производи и се она што можеме да го произведеме се заинтересирани да го откупат, рече Габриела Мицевска, координатор на програмата.
Според Мицевска, интересот кај земјоделците во Македонија е се поголем за органското производство, особено што за тоа што имало повисоки субвенции. Сепак, во последните години освен оваа поволност, земјоделците доаѓаат до сознанија дека многу полесно можат да ги продаваат своите производи ако се органски.
– Имаме наши насади со цреши што се сертифицирани како органски, од оваа година сме на преод на производство на органска пиперка, која исто така и ја преработуваме, значи не само производители, туку и преработувачки капацитет, со урда, со хумус имаме, така, конвенционални производи и така. Едукацијата е најбитна, треба да се информираме, да знаеме што и како, инаку не е тешко откако ќе се влезе во тој контекст на производство, рече Жаклина Филипова, претставник на компанијата “СА-МО Бионатура“ – Блатец.
Пред присутните на инфо сесијата беа претставени предностите на органското производство на храна, потенцијалите со кои располагаат нашата земја и регионот, барањата на странските пазари, но и можноста да се направат директни договори со потенцијални откупувачи на органски земјоделски производи.
Т. Ајтовски
{fshare}
https://www.youtube.com/watch?v=qjC1S3JAxlI
{backbutton}
©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.