На 6 август напладне ќе се одржи традиционална иселеничка средба кај Манстирот Св. Спас во селото Драгобраште.
Советот на Здружението „Камен мост“ и Општина Виница се покровители на настанот што годинава ќе се одржи по шести пат.
Присутните на средбата ќе ги забавуваат Ирена Спасовска и Групата Хармонија, а програмата ќе биде збогатена со настап на КУД „Китка“ од Истибања. Организиратор на настанот е здружението „Камен мост“ на Македонците во Италија.
Истиот ден иселеничка средба ќе се одржи и во селото Видовиште во месноста „На Магила“. Организатори се иселениците од Видовиште, а почетокот е закажан за во 11 часот. Присутните ќе ги забавува естрадниот уметник Јордан Митев.
© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.