Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
нема резултати
View All Result
Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result

Итна средба на координаторите на советничките групи бара претседателот на Советот на Општина Кочани за да продолжи функционирањето

автор: Т. Ајтовски
7 јули, 2025
во Кочани
време на читање: 2 мин.
A A
Итна средба на координаторите на советничките групи бара претседателот на Советот на Општина Кочани за да продолжи функционирањето

Претседателот на Советот на Општина Кочани, Лазо Митев со писмено соопштение ја информира јавноста дека ги повикува координаторите на советничките групи на координативен состанок. Целта е да се договори натамошното функционирање на Советот по случувањата на последната седница, поради што истата беше прекината.    

-Во контекст на последните настани и инцидентот што се случи на последната седница на Советот, во кој советникот Аки Акиов изврши насилство и физички напад врз вработена, како Претседател на Советот чувствувам должност да реагирам соодветно и одговорно.

Советот е демократско тело избрано од граѓаните, а неговата работа мора да биде во служба на јавниот интерес, во духот на почит, дијалог и законитост. Насилството не само што е неприфатливо, туку е и директен удар врз интегритетот на институциите и довербата на граѓаните во нив.

Во таа насока, ги повикувам координаторите на советничките групи на итна  координација, со цел да се стави јавниот интерес на прво место и да се обезбеди нормално и безбедно продолжување на седницата, да се постигне согласност околу процедурите што ќе гарантираат достоинствено однесување во иднина и да се постави јасен институционален став кон вакви недозволиви постапки.

Ги повикувам сите политички субјекти да дејствуваат одговорно и да ја стават стабилноста на Советот и доброто на граѓаните пред партиските интереси. Советникот вршител на должноста градоначалник е повикан на координацијата.

Граѓаните очекуваат решенија, а не конфликти. Очекуваат зрелост, а не омраза.

Секој обид за одбегнување на институционален дијалог или релативизирање на насилството ќе биде третирано како обид за попречување на работата на Советот.

Состанокот за координација ќе се одржи на 09.07.2025 среда во 12 часот во салата за состаноци во Општина Кочани, а јавноста ќе биде информирана за заклучоците – стои во писменото известување до јавноста што го упати Митев.

©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.

ПРОЧИТАЈТЕ ИСТО ТАКА

Со промоција на книга и ликовна изложба библиотеката „Искра“ од Кочани дава поддршка на кампањата „16 денови активизам против семејното насилство“
Кочани

Со промоција на книга и ликовна изложба библиотеката „Искра“ од Кочани дава поддршка на кампањата „16 денови активизам против семејното насилство“

автор: Т. Ајтовски
9 декември, 2025
0

Кон реализација на кампањата „16 денови активизам против родово базирано и семејно насилство“ со своја програма се приклучи и ЈОУБ „Искра“ од Кочани. Во тие рамки беше промовирана...

прочитај повеќе
Родителите на загинатите во „Пулс“ демантираат дека побарале да се откаже украсувањето и новогодишната прослава во Кочани
Кочани

Родителите на загинатите во „Пулс“ демантираат дека побарале да се откаже украсувањето и новогодишната прослава во Кочани

автор: Администратор
7 декември, 2025
0

Родителите на загинатите деца во трагедијата во „Пулс“ испратија писмено соопштение до јавноста во кое демантираат дека се спротивставиле на новогодишното украсување на градот. „Во последните денови во...

прочитај повеќе

ВАШ ПАРТНЕР ЗА БЕСПЛАТНА СТРУЈА

https://youtu.be/R37pBPCwu_A
дек 10, 2025 - сре
Кочани, MK
4°C
облачно
облачно
1 m/s, NNE
76%
767.32 mmHg
wed12/10 thu12/11 fri12/12 sat12/13 sun12/14
облачно
10/9°C
неколку облаци
13/8°C
чисто небо
12/7°C
чисто небо
11/6°C
чисто небо
11/5°C
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
Импресум

© 2011 - 2025 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО

© 2011 - 2025 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?