-Учениците кои што излегуваат од специјални паралелки не подлежат на инклузија во редовно средно образование, а додека учениците кои штом излегуваат од редовно основно образование бидејќи веќе се инклузирани значи ќе можат да се запишат овде кај нас или во другото средно училиште. А за учениците од специјални паралелки инклузијата односно запишувањето може да биде достапно во некои средни стручни школи како што е училиштето „Искра“ во Штип и нормално средни училишта кои што се за ученици со посебни образовни потреби. Беше информирано и Министерството за образоавние и наука и на таквото барање да можеме да инклузираме такви деца од специјални паралелки не добивме зелено светло и затоа сакаме и да ги информираме родителите или старателите на тие деца дека патот на нивното образование да го продолжат и да го гледаат во средно училиште наменето за деца со посебни потреби согласно нивните способности, рече Катерина Димитрова, дефектолог во СОУ „Љупчо Сантов“.
Минатата година ова училиште има инклузирано 4 ученици кои што се со наод и мислење, 4 хронично болни ученици бидејќи и тие спаѓаат во ученици со посебни образовани потреби и 30 ученици од ранливи категории. Со тие ученици се работи по индивидуален пристап со образовни наставни планови и програми според потенцијалните можности и способности а се работи и на корегирање на проблемите и потешкотиите со кои што тие ученици се соочуваат.
Т. Велкова
{fshare}
https://www.youtube.com/watch?v=6r5IFVzUXmM
{backbutton}
© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.