Граѓаните да не консумираат алкохол кога управуваат со моторно возило, да ја прилагодат брзината според условите на патот, да не користат мобилен телефон додека возат, задолжително да користат сигурносен појас, да направат зимска проверка на возилото, да се почитува растојанието меѓу возилата и да се избегнува нагло сопирање на автомобилот – ова се дел од препораките на зимската и новогодишната кампања на Министерството за внатрешни работи, Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата и на учениците од сообраќајната струка од СОУ „Гошо Викентиев“.

-Денеска Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата заедно со Сообраќајната инспекторка Општина Кочани и учениците од СОУ „Гошо Викентиев“, ја реалзираат кампањата „Вози одговорно, патувај безбедно“. Целта е да ги предупредиме и едуцираме возачите за безбедно однесување на патиштата за време на претстојните празници, истака Љубинка Ристова, професорка од СОУ „Гошо Викентиев“.

Од МВР велат дека новогодишните празници се карактеризираат со поголема раздвиженост на луѓето, празнично расположение и поголема густина во сообраќајот, па затоа ги реалзираат овие активности, се со цел граѓаните да ги преземат неопходните превентивни мерки.

©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.