На првиот круг од претседателските избори, сведоци бевме на изборно револуционерен ден, сведоци бевме дека едноставно се случи народ! Се слушна желбата и волјата на граѓаните за промени, истакна кандидатот за пратеник од Движењето ЗНАМ, Суад Мехмед на прес конференција на која се осврна на резултатите од првиот круг на претседателските избори, а упати и повик до граѓаните за поддршка за претстојните парламентарни избори.
-Во име на Движењето ЗНАМ, во име на претседателот Максим Димитриевски и во свое име, сакам да им се заблагодам на сите наши поддржувачи, членови и активисти, на сите оние почитувани храбри и чесни луѓе кои го дадоа својот глас за Максим Димитриевски, нашиот кандидат за претседател.
Резултатите покажаа дека создаваме историја, Движењето ЗНАМ – ЗА НАША МАКЕДОНИЈА, иако постои само 4 месеци , веќе етрета по сила политичка партија во Македонија. Тоа е така, бидејќи самото Движење ЗНАМ произлезе од потребата да ја отслика вољата на граѓаните и да работи исклучиво за интересите на граѓаните! Тоа ни е аманетот! За Вас постоиме, од Вас сме создадени! Народот покажа и докажа дека е храбар и одлучен за промени! Народот покажа дека верува во ЗНАМ и ЗНАМ верува во народот, постои за народот и ќе продолжи да се бори за народот!

Ве повикувам на претстојните парламентарни избори, да ни’ ја дадете поддршката уште помасовно, да се одважите и охрабрите уште повеќе, да не се плашите ни од притисоци ни од уцени, да гласате како што ви налага срцето и совеста. Верувам дека голем дел од граѓанството ги препознава вредностите на ЗНАМ и дека сме опција која ја заслужува Вашата доверба и го заслужува Вашиот глас.
Храбро и одлучно, на 8 мај заокружете го бројот 7, за ваши чесни претставници во Собранието, заокружете го бројот 7 за самите вас, заокружете 7 за подобро сега и подобро утре, за достојна наша Македонија, повика Мехмед.
©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.