Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
нема резултати
View All Result
Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result

Капацитетот на градинката „Павлина Велјанова“ надминат за една четвртина, на листата на чекање има уште 150 дечиња

автор: Т. Ајтовски
26 јули, 2023 14:35
во Кочани
време на читање: 2 мин.
A A
Капацитетот на градинката  „Павлина Велјанова“ надминат за една четвртина, на листата на чекање има уште 150 дечиња

Капацитетот на сите пет објекти на детската градинка „Павлина Велјанова“ од Кочани е надминат за една четвртина, а на листата на чекање има уште околу 150 дечиња.

Од детската установа е поднесено барање за согласност до Советот на Општина Кочани за зголемување на бројот на деца во сите 31 група, каде во просек треба да има место за уште по седум деца над определениот норматив.

-Во сите објекти се згрижени околу 680 деца, што е многу повеќе од просторниот и кадровскиот капацитет со кој располагаме. Поради интересот на родителите, принудени сме да бараме согласност од Општината за проширување на секоја од групите за уште по околу 40 отсто. Дополнителен проблем е што сме ограничени и со бројот на негувателки, воспитувачки и друг помошен персонал, затоа што во изминатите две ипол години во пензија заминаа 21 вработен, до крајот на годината ќе заминат уште двајца, а се пополнија само осум места. Проблем за проширување на просторните можности е што новиот објект во населбата Драчевик, со капацитет за 125 деца, две години по изградбата сè уште не е во функција поради технички проблеми при изведбата на градежните работи, истакна Јованка Ефтимова, директорка на детската градинка „Павлина Велјанова“.

Со почетокот на новата учебна година вообичаено се зголемува и интересот на  родителите за згрижување на нивните деца, поради што ќе мора да се прошири и листата на чекање.

Програмата за работа на градинката за минатата година, што беше одобрена од Министерството за труд и социјална политика, не беше усвоена од Советот на Општина Кочани, при што немаше образложение за тоа. Минатата година повеќе од два месеца Советот доцнеше и со донесувањето на планот за вработување, поради што се доцнело со испраќање на документацијата до Министерството за инсформатичко општество и администрација, а резултат од тоа е добиеното негативно мислење.

Од детската установа очекувaат членовите на општинскиот Совет да имаат разбирање за состојбата и навремено да даваат согласност на годишната програма за работа и на планот за вработување во градинката, со што ќе овозможат да се пополни кадровскиот недостиг, а бенефит од тоа ќе имаат и родителите и нивните дечиња.

©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.

ознаки: јоудг „павлина велјанова“

ПРОЧИТАЈТЕ ИСТО ТАКА

Кочани во тишина и солзи – една година од трагедијата во „Пулс“ во сеќавање на 63 недовршени соништа
Кочани

Кочани во тишина и солзи – една година од трагедијата во „Пулс“ во сеќавање на 63 недовршени соништа

автор: Т. Ајтовски
16 март, 2026 12:46
0

Денеска Кочани не зборува со зборови, туку со воздишки. Градот на оризот денес е обвиен во тешка тишина, одбележувајќи ја првата годишнина од кобниот пожар во дискотеката „Пулс“,...

прочитај повеќе
На граѓански собир по полноќ пред дискотеката „Пулс“ Кочани им оддаде почит на своите ангели
Кочани

На граѓански собир по полноќ пред дискотеката „Пулс“ Кочани им оддаде почит на своите ангели

автор: Т. Ајтовски
16 март, 2026 03:12
0

Во атмосфера исполнета со тишина и болка, во 02:32 часот по полноќ, пред поранешната дискотека „Пулс“ во Кочани се одржа граѓански собир во спомен на настраданите во трагедијата...

прочитај повеќе

ВАШ ПАРТНЕР ЗА БЕСПЛАТНА СТРУЈА

https://youtu.be/R37pBPCwu_A
мар 17, 2026 - вто
Кочани, MK
7°C
облаци
облаци
2 m/s, ESE
84%
762.82 mmHg
tue03/17 wed03/18 thu03/19 fri03/20 sat03/21
облачно
13/6°C
слаб дожд
9/7°C
облачно
10/6°C
слаб дожд
6/5°C
облачно
10/2°C
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
Импресум

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?