Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
нема резултати
View All Result
Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result

Кикбоксерот Лука Змејковски во младинска и фудбалерот Марио Крстевски во сениорска конкуренција се најдобри спортисти на Виница за 2023 година

автор: Т. Ајтовски
7 март, 2024
во Регион, Спорт
време на читање: 2 мин.
A A
Кикбоксерот Лука Змејковски во младинска и фудбалерот Марио Крстевски во сениорска конкуренција се најдобри спортисти на Виница за 2023 година

Кикбоксерот Лука Змејковски, член на КБК „Лидер“ од Виница, го доби признанието за најдобар млад спортист во општината за 2023 година, со што по втор пат се најде меѓу најуспешните поединци во спортот. Во сениорска конкуренција за најдобар е прогласен фудбалерот Марио Крстовски, чиј матичен клуб е ФК „Слога 1934“.

Минатата година Змејковски го освои првото место на Балканскиот кикбокс куп, беше второпласиран на Европското првенство во ВАКО кикбокс, а на Државното првенство го освои бронзениот медал. Крстевски пак, е еден од најталентираните винички фудбалери и како признание за тоа веќе настапува за фудбалска екипа во Република Словенија.

На манифестацијата „Спортски асови“ што ја организираше Општина Виница, беа доделени награди и признанија за спортистите и екипите во неколку категории, а во образложението беше речено дека целта е да се поттикнат младите да спортуваат и да постигнуваат високи резултати.

-Општина Виница отсекогаш имала добри спортисти, кои низ времето оставиле трајни вредности, за што сме посебно горди. И денес имаме спортисти кои постигнуваат значајни резултати и се вистински промотори на општината во државата и странство. Особено радува фактот што голем број млади активно се занимаваат со спорт, почнувајќи од училишните спортски екипи, па сè до клубовите кои се натпреваруваат во домашните првенства и на меѓународни натпревари. Општината и понатаму ќе ги поддржува во нивните настапи според програмите за работа, но за да постигнат уште подобри резултати добредојдена ќе биде и поддршката од бизнис секторот, истакна Миле Петков, градоначалник на Виница.

Наградата за најдобар тренер му припадна на Дарко Гоцевски од кикбокс клубот „Лидер“, а Ангел Дамјанов од ФК „Слога“ е избран за спортски работник за минатата година. Признание за најдобар спортски рекреативец му беше доделена на велосипедистот ветеран Ванчо Коцев.

Младинската фудбалска школа на ФК „Слога 1934“ е избрана за најдобра во категоријата спортски екипи, а признанија за постигнати високи резултати и промовирање на општината во областа на спортот добија младите спортисти Анастасиј Гоцевски, Нина Колева, Анастасија Андонова, Александар Веселинов и Борис Митревски.

©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.

ознаки: најдобар спортистопштина виница

ПРОЧИТАЈТЕ ИСТО ТАКА

Митко Костадиновски ја презеде функцијата градоначалник на Општина Виница
Регион

Митко Костадиновски ја презеде функцијата градоначалник на Општина Виница

автор: Т. Ајтовски
10 ноември, 2025
0

На срдечна средба во кабинетот на градоначалникот на Општина Виница, Митко Костадиновски ја презеде функцијата во новиот четиригодишен мандат од својот претходник Миле Петков. Во краткиот меѓусебен разговор...

прочитај повеќе
Во Општина Чешиново-Облешево новиот градоначалник Јорданчо Костадинов ја презеде функцијата, членовите на Советот ги добија уверенијата за мандатот
Регион

Во Општина Чешиново-Облешево новиот градоначалник Јорданчо Костадинов ја презеде функцијата, членовите на Советот ги добија уверенијата за мандатот

автор: Т. Ајтовски
10 ноември, 2025
0

Новиот градоначалник Јорданчо Костадинов и членовите на Советот на Општина Чешиново-Облешево официјално ги добија мандатите за работа во наредните четири години. На мала свеченост што се одржа во...

прочитај повеќе

ВАШ ПАРТНЕР ЗА БЕСПЛАТНА СТРУЈА

https://youtu.be/R37pBPCwu_A
ное 11, 2025 - вто
Кочани, MK
11°C
слаб дожд
слаб дожд
1 m/s, NW
92%
759.81 mmHg
tue11/11 wed11/12 thu11/13 fri11/14 sat11/15
слаб дожд
13/8°C
чисто небо
14/7°C
чисто небо
15/8°C
чисто небо
14/7°C
чисто небо
15/7°C
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
Импресум

© 2011 - 2025 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО

© 2011 - 2025 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?