Богата програма и активности во текот на октомври најавува Националната установа – Центар за култура „Бели мугри“ од Кочани. Според изготвениот распоред, станува збор за кино проекции, концерти, детска тетатарска претстава, работилница и изложба.
На 4 октомври ќе гостува „Театар Хит“ од Скопје со претставата „Црвенкапа“, а влезницата чини 100 денари.
Од 8 до 10 октомври, во терминот од 19 часот ќе има кино проекции на српскиот филм „Јорговани“ , а влезницата ќе се продава по 150 денари.
За 10 октомври е закажана и работилница за деца под назив „Бело злато“, а во понеделник, на 14 октомври од 19:30 часот ќе биде отворена изложбата „Стара архитектура“ на учениците од Школата за цртање и сликање при ЦК „Бели мугри“.
Од 16 до 18 октомври ќе има уште една кино проекција, а ќе се прикажува филмот „Елаха“, кој зборува за млада германско-курдска девојка, растргната меѓу безусловната љубов кон своето семејство и сопствените младешки аспирации. Филмот ќе се прикажува во терминот од 19:30 часот, а цената на влезницата исто така е 150 денари.
В петок, 25 октовмри завршен концерт ќе одржи Фолклорниот ансамбл и Оркестарот за изворни народни песни и ора при НУЦК “Бели мугри”- Кочани, а в понеделник на 28 октомври ќе се одржи концерт на најпознатите македонски евергрини.
© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.