Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
нема резултати
View All Result
Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result

Ковачевски на митингот во Кочани: Ученикот на Груевски и неговата кандидатка за претседател се обидуваат да ја саботираат иднината на државата

автор: Т. Ајтовски
3 мај, 2024
во Политика
време на читање: 3 мин.
A A
Ковачевски на митингот во Кочани: Ученикот на Груевски и неговата кандидатка за претседател се обидуваат да ја саботираат иднината на државата

СДСМ ја прифати казната од граѓаните на првиот круг од претседателските избори и знае да учи од своите грешки и нема да ги повтори, но давањето поддршка за ВМРО-ДПМНЕ на претстојните избори ќе значи враќање во минатото и запирање на иднината на државата, нагласи претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на предизборниот митинг на Коалицијата за европска иднина, што вечерва се одржа во Кочани.

-Знам дека таа казна на 24 април ни беше испорачана нам, а не на идејата за европска Македонија. Тоа што нема да го прифатам се критиките од ВМРО-ДПМНЕ и од Христијан Мицкоски, ученикот на Никола Груевски, и на неговата кандидатка за претседател Силјановска кои се обидуваат повторно да ја саботираат иднината на државата. Тоа значи дека ништо во ВМРО се нема променето во изминатиот период, ниту пак научиле од своите грешки. Тоа е она исто ВМРО што изгради бел дворец во центарот на Скопје и оттаму владееја како кралеви, без чувство за одговорност пред било кого, освен пред самите себе. Ако десничарска партија како ВМРО-ДПМНЕ добие преголема моќ тоа ќе значи крај на нашите европски перспективи, бидејќи тие ќе ја одложуваат евроинтеграцијата во недоглед, затоа што немаат ниту план, ниту пак се доследни во остварувањето на стратешките цели на државата, ни треба европска иднина, а не враќање 20 години во закопаното минато, истакна Ковачевски.

Во обраќањето пред присутните тој упати критики кон довчерашните партиски членови кои формирале своја партија за да му наштетат на СДСМ.

-Ги видовме и оние лажните социјалдемократи кои направија своја партија, почнаа од Куманово и ја проширија во цела Македпнија, но не за да шири идеологија, туку единствено за да даде поддршка на ВМРО-ДПМНЕ да направи поголема разлика во однос на СДСМ. Тој филм сме го гледале и во 1998 година со Демократска алтернатива и во 2006 година со Нова социјалдемократска партија и денес во 2024 година со партијата ЗНАМ. Нивниот претседател, наш довчерашен партиски член, кажа дека ќе гласал, ама немало да гласа за Стево Пендаровски и немало да го поништи ливчето. Да ги прашам оние што на 24 април се ујдисаа со него и му палеа свеќи на СДСМ, дали и тие ќе гласаат за ВМРО-ДПМНЕ. Тоа не се социјалдемократи, тоа се најобични предавници не само што не ги сакаат дома, туку најмногу таму кај што отишле, додаде Ковачевски.

На митингот во Кочани се обрати и носителката на листата во Третата изборна единица, Сања Лукаревска.

– На дофат ни е членството во Европската унија, не дозволувајте да не тргнат од тој пат, алтернативата на тој пат е погубна за Македонија. И сакале некои или не, СДСМ ќе биде запишан во историјата како организирана политичка сила која ја врати слободата и
ја врати државата на вистинскиот пат и да не забораваме дека секогаш најтешките битки ги водел СДСМ, од осамостојувањето до денес. Немам намера да ги покривам или минимизирам нашите пропусти, не ги сокриваме под тепих и не ги подметнуваме на друг и никогаш не сме дозволиле државата да биде на коленици, никогаш. И во оваа изборна програма наш приоритет над приоритетите е стабилна, безбедна, сигурна и просперитетна Македонија чии граѓани ќе имаат предвидлива, спокојна иднина. Следете нè, не се откажуваме, тргнавме по патот на трпението, пат без насилство, со разум, со работа и дијалог до богата држава со задоволни граѓани, истакна Лукаревска.

Пред граѓаните на митингот зборуваа и кандидатите за пратеници Љупчо Николовски и Душанка Горгиева Трпевски, кои ги повикаа граѓаните на 8 мај да дадат поддршка на Коалицијата за европска иднина и на политиките што значат мирна и сигурна иднина на државата, наместо алтернативата која се обидува да ги разгори меѓуетничките и слични тензии од пред дваесетина години.

©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.

ознаки: парламентарни избори 2024сдсм

ПРОЧИТАЈТЕ ИСТО ТАКА

Советничка група на СДСМ: Не е време за политичка борба меѓу партиите, туку за заедничка борба за сите нас и нашите сограѓани
Кочани

Советничка група на СДСМ: Не е време за политичка борба меѓу партиите, туку за заедничка борба за сите нас и нашите сограѓани

автор: Т. Ајтовски
14 април, 2025
0

На паузата од 62. седница на Советот на Општина Кочани, на која единствена точка на дневниот ред беше изборот на в.д. градоначалник, советничката група на СДСМ одржа прес...

прочитај повеќе
Советникот Венко Крстевски најави дека се кандидира за в.д. градоначалник, одлуката треба да ја донесе Советот на Општина Кочани
Кочани

Советникот Венко Крстевски најави дека се кандидира за в.д. градоначалник, одлуката треба да ја донесе Советот на Општина Кочани

автор: Т. Ајтовски
11 април, 2025
0

Советникот Венко Крстевски од кандидатска листа поддржана од група избирачи, најави дека е подготвен да ја извршува функцијата в.д. градоначалник по оставката на досегашниот градоначалник Љупчо Папазов. На...

прочитај повеќе

ВАШ ПАРТНЕР ЗА БЕСПЛАТНА СТРУЈА

https://youtu.be/R37pBPCwu_A
мај 24, 2025 - саб
Кочани, MK
21°C
облачно
облачно
2 m/s, NE
76%
756.81 mmHg
sat05/24 sun05/25 mon05/26 tue05/27 wed05/28
-/16°C
слаб дожд
13/8°C
чисто небо
19/8°C
облаци
21/10°C
неколку облаци
21/12°C
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
Импресум

© 2011 - 2025 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО

© 2011 - 2025 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?