Секаде каде што одиме се чувствува ентузијазмот за промени кај луѓето, а така е и во Кочани каде сè повеќе ни се приклучуваат во промените, истакна денеска на прес конференција членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки.
Притоа најави дека неговата партија предвидува солидна финансиска поддршка од државниот буџет за развој на општината.
-Нашиот градоначалник во изминатиот период имаше опструкции од централната власт, но со промената на власта ќе има инвестиции во Кочани. Околу четири милиони евра од централниот буџет предвидуваме да се дадат за Кочани, тоа значи нова инфраструктура, нови градинки, нови улици, нови тротоари. Исто така, предвидуваме целосна реконструкција на пругата Кочани – Велес. Граѓаните на Република Македонија се подготвени за нова иднина, нова надеж. Повикувам на 24 април масовно да дадеме поддршка за нашиот претседателски кандидат Гордана Силјановска Давкова, а на 8 мај да ја верифицираме победата со голема излезност, односно победа за ВМРО-ДПМНЕ и за промените, истакна Ковачки.
![](https://kanal8.mk/wp-content/uploads/2024/04/dragan-kovacki-kocani-izjava1-1024x768.jpg)
© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.