Советот за женско претприемништво на Кочани, Виница и Зрновци и официјално почнува со работа. Откако кон крајот на март годинава беше претставена иницијативата за негово формирање, денеска во просториите на „Прогресив Академија“ во Виница се одржа втората, конститутивна седница.
Врз основа на последната одлука, Советот за женско претприемништво на трите соседни општини е составен од 13 членови. Неговото формирање и функционирање беше претставено како советодавно тело кое ќе работи на поттикнување и поддршка на постојните и потенцијалните жени претприемачи во микрорегионот.
На денешната конститутивна седница беа презентирани и изгласани Деловникот за работа и Програмскиот акт, а беше направен и избор на претседавач и заменик претседавач. За претседавач е избрана Ирена Мирчовска, која е и Локален координатор на Националната платформа за женско претприемништво за Источниот регион. Присутните членки на конститутивната седница за заменик претседавач ја избраа Наташа Митева.
© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.