Концертот на дуото ДНК во Кочани, во рамки на празничната програма по повод Петровден, се покажа како вистински погодок. Градскиот парк и околните улици беа полни, а сите кои дојдоа се забавуваа и уживаа во звуците од хитовите на популарните Панчо и Андреј.

Без разлика што не е викенд, имаше голема раздвиженост, а двочасовната забава и одличниот звук и ритам, беше на задоволство на сите кои дојдоа на концертот.

Одличната атмосфера ја натера публиката да ги пее рефрените заедно со музичарите на сцената, на која во еден момент се појавија и момчињата од екипата на „Ауто велт“, која победи на Петровденскиот турнир во мал фудбал.

Впечаток е дека по подолг период градот музички живна, а гостувањето на ДНК по повод Петровден беше добар избор.

©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.