Учениците и професорите од музичкото училиште „Ристо Јуруков“ го одржаа празничниот концерт со наслов „За нашите мајки“. Настанот се реализираше во големата сала на Мултикултурниот центар, при што предизвика големо внимание на публиката, која со аплауз ги подржуваше малите музичари.

Директорката на училиштето, Марија Лазарова истакнаа дека концертот го реализираат втора година по ред во рамки на одбележувањето на 8 март.

-Вечерва на концертот учествуваа учениците од сите класи, а тоа се гитара, хармоника, флејта, пијано и орекестарот на традициски инструменти, како и хорот при нашето училиште. Мислам дека ова беше една прекрасна честитка за сите мајки и за сите оние кои вечерва беа со нас заедно. Се надевам дека и во иднина ќе ја зачуваме оваа традиција по повод празникот на жената, истакна Лазарова.

Од музичкото училиште „Ристо Јуруков“ најавиа дека на крајот од месецов ќе го одбележат денот на пијаното, а по покана на средното музичко училиште „Сергеј Михајлов“ кочанските ученици ќе гостуваат и во Штип.

©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.