– Програмата што ја нудиме е несекојдневна, ова е нешто што, можам да се пофалам, исклучиво ние го работиме во Македонија, едноставно сметавме дека музиката треба да ја доближиме до обичниот граѓанин. Обичниот граѓанин во денешно време ако не е бомбардиран со турбо фолк, тогаш е бомбардиран со популарна музика и ние земавме мотиви од популарните песни кои се хитови, копи и на времето биле хитови, од типот на АББА, од типот на Ерик Клептон, Стинг, Мајкл Џексон, направивме обработки, јас направив обработки за квартетот и целата програма беше составена од композиции коишто се исклучиво наши, авторски, обработки врз основа на популарни песни, истакна Дејан Теодосиевски, член на квартетот „Вива стрингс“.
Според академските музичари од „Вива стрингс“, публиката не е навикната да сретне гудачки квартет со ваков музички израз, затоа што вообичаено се очекува класична музика. Сепак, по изведбата секогаш следува воодушевување, што се докажа и во Кочани.кај публиката.
Покровител на концертот беше Министерството за култура на Македонија, со поддршка од Општина Кочани и од Центарот за култура „Бели мугри“.
Т. Ајтовски
{fshare}
{backbutton}
©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.